595
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска зборуваше за ситуацијата во Украина, надополнувајќи се на фактот дека Србија сè уште нема воведено санкции кон Русија.
„Истраевме 210 дена со стабилна политика, мислам дека никој не го очекуваше тоа… Патот на Србија е многу тежок, трнлив. Тоа е пат кој се грижи за интересите на државата. Нема да биде лесно во иднина. Јас не се борам за Путин или Бајден, туку за Србија, оваа земја“, истакна Вучиќ и изјави дека притисоците ќе се зголемуваат.