Вучиќ не очекува извинување од НАТО за бомбардирањето на СР Југославија

by Fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ за чешки медиуми изјави дека не очекува дека НАТО некогаш официјално ќе се извини директно за бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година и дека е постојана политиката на САД да продолжи да се бара од Србија да ја признае независноста на Косово.

-Тие постојано ќе кажуваат дека дадоа се од себе и дека само сакаа да спречат хуманитарна катастрофа. Ако има вистина во тоа, морам да прашам дали убиството на илјадници луѓе, особено 72 српски деца, беше само „колатерална штета“ „или што“. Не верувам во никакво официјално институционално извинување од НАТО, рече Вучиќ во интервју објавено денеска од чешкиот алтернативен портал Парламентни листи, јави Бета.

Во врска со извинувањето на Земан, што не нашол храброст да одбие бомбардирање како премиер во 1999 година за Вучиќ „е првиот, но не и последниот”.

Српскиот претседател рече дека не очекува промени во односот кон Србија и Косово по доаѓањето на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Поврзани новости