Вучиќ: Не можам да го решам Косово, но храбро се борам

by Fokus

Косово ќе биде главна тема – изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по пристигнувањето во Њујорк во пресрет на претстојната седница на Генералното собрание на ОН. Тој најавува интересен говор, но и дека ќе трае до 25 минути, доколку американскиот претседател исто толку зборува.

Во седиштето на Обединетите нации во Њујорк денеска почна Самитот за иднината, во рамки на 79. заседание на Генералното собрание на ОН, што е вовед во генералната дебата на сесијата на 24 септември.

Вучиќ најави дека ќе се сретне со турскиот претседател Ердоган, но и дека како и другите соговорници ќе разговара за Косово, како и за мерките што неодамна ги претстави, а потоа ги усвои Владата на Србија.

– Тоа не се мерки што ќе ги решат нашите проблеми, тоа се мерки што мора да ги преземете за да помогнете во опстанокот на нашиот народ – изјави Вучиќ.

Српскиот претседател нагласува дека Косово ќе биде негова главна тема во Њујорк. Тој не сакаше да открива детали, но најавува интересен говор.

– Другите нека ви го решат Косово ако можат, јас не можам, можам да се борам – заклучи Вучиќ.

Поврзани новости