Вучиќ: Не можам да го кршам Уставот со воведување на премногу ригорозни мерки

by Fokus

Зборувајќи за корона вирусот, претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека бројот на заразени и понатаму ќе продолжи да расте во оваа земја.

„Бројките растат, немаме голем број вакцинирани. Со поголема бројка на имунизирани би биле поотпорни. Не можам да го кршам Уставот со воведување на премногу ригорозни мерки“, истакна Вучиќ.

Притоа, тој додаде дека некои во соседството брутално лажат кога станува збор за бројот на тестирани и новозаразени.

Поврзани новости