Вучиќ наздрави со пиво, па се оправда

by fokus

Претседателот на Србија Александар Вучиќ првиот ден од Новата година се опушти во едно кафуле во Белград. Друштво му правеше премиерката на Србија Ана Брнабиќ.

Вучиќ ја сподели фотографијата на Инстаграм, а интересно е што се појасни дека пиво пие еднаш годишно.

„Прекрасен ден во Белград на вода, а еднаш годишно, веројатно е дозволено место лимонада, или чај, во нови победи да се тргне со баварско пиво?! Среќна Нова година на сите граѓани на Србија, здравје, радост и успех ви посакуваме Ана и јас“, напиша Вучиќ.

Поврзани новости