Претседателот на Србија Александар Вучиќ синоќа од Обединетите нации поача дека е среќен што повеќе од две третини од земјината топка била на страната на Србија.
„Ако го погледнете тој распоред, повеќе од две третини од светското население беше на наша страна. Сакам да им се заблагодарам на Кина и Русија, но и на Обединетите Арапски Емирати кои беа обвинети. Му се поклонувам на Бин Зајед“, започна тој и додаде кој друг ја поддржувал Србија.
„Беше неверојатно какви беа притисоците и што направија, но ние се боревме. Тие направија се за поделбите да бидат поголеми и поголеми. Мислам дека народот на Србија беше горд денес и посебен поздрав до нашиот народ“.
„Ова е првпат да не биде едногласно“, нагласи тој и додаде дека 107 земји не сакале да се договорат.