Вучиќ: Нападот врз студентите е скандалозен

by Fokus

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва повтори дека ги исполниле сите барања на студентите. Тој денеска оцени дека е скандалозен нападот врз група луѓе кои цртаа графити во близина на просториите на Српската напредна странка во Нови Сад, во кој беше повредена една девојка.

Тој на прес-конференцијата во Палатата Србија рече дека студентката е добро, дека една интервенција е завршена и дека утре ќе има уште една.

Вучиќ рече дека со денови и недели нападите на партиските простории на Српската напредна странка низ Србија секогаш ги вршела истата анархистичка група, „момците од тие простории“ излегле и ги оттурнале, а потоа физички ги нападнале.

Тој додаде дека не може да прифати оти тоа го направиле луѓе од партијата по неговиот и повикот на премиерот за дијалог.

„Момците кои го направија тоа направија огромна штета на државата, нивната партија и секој од нас“, рече Вучиќ.

Вучиќ повтори дека барањата на студентите се целосно исполнети, дека работата не е лесна и дека се издвојуваат огромна сума на пари за професори и студенти, како и дека со помилувањата се нарушени неговите принципи, но дека тоа е направено.

„Ноќта во Белград помина без поголеми проблеми, полицијата ги заштити сите, можеби недостигаа уште тоалети“, изјави Вучиќ.

Опозицијата, вели, постигна политички автогол со митингот на Автокоманда, но потоа нападот во Нови Сад се појави како гром од ведро небо.

– Милош побара да разговара со мене и рече дека како одговорен човек кој дошол од Нови Сад, смета дека тој и градоначалникот Ѓуриќ треба да поднесат оставка. Двојно ми беше тешко да прифатам. Милош добро си ја заврши работата, и донесе на Србија инвестициски рејтинг, да биде втор по стапка на раст во 2024 година, секогаш беше лојален на својата татковина Србија и српската држава, се бореше за својот народ, но верува дека принципот Објективната одговорност треба да се постави поинаку во споредба со нашите претходници – рече Вучиќ.

Поврзани новости