720
Западот се бори против Русија преку своите сојузници во Киев, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.
-Мораме да разбереме дека сме среде светска војна, бидејќи веќе нема смисла овој конфликт да се нарекува регионален. Имено, цел Запад се бори против Русија преку Украинците. Ова е глобален конфликт – изјави Вучиќ.
Според него, Русија наскоро ќе му пристапи на Западот со „некој предлог“.
-Знам што нѐ чека. Штом Путин ќе си ја заврши работата во Северск, Бакмут и Соледар, па ќе дојде до линијата Славјанск-Краматорск-Авдивка, ќе излезе со предлог. И ако Западот не го прифати, а нема го прифати, ќе настане пекол – рече Вучиќ.