170
Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на престојот во Емиратите денеска најави дека во средината на септември ќе има голема воена парада во Белград
– Во септември ќе имаме голема воена парада во Србија. Ќе покажеме многу работи што сме ги стекнале, произвеле и успеале да ги воведеме во вооружувањето на српските вооружени сили, рече Вучиќ, пренесоа српските медиуми.
Според него, „тоа ќе биде нешто што луѓето во регионот досега не беа во можност да го видат“.