543
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ќе се сретне со претставници на Србите од Косово, зашто Приштина им спрема „пекол“ во наредните денови, соопшти денеска функционерот на владејачката Српската напредна странка (СНС) Никола Селаковиќ.
-Ситуацијата е исклучително тешка и комплицирана со оглед на меѓународните и регионални околности. Вучиќ секогаш успеваше да најде пат во таквите случаи“, рече Селаковиќ по седницата на Претседателството на СНС, наведувајќи дека Вучиќ утре ќе ја извести јавноста за содржината на разговорите.
Селаковиќ потсети дека утре вечер на сила стапува „едностраната одлука на Албин Курти (за пререгистрација на возилата).