Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на паузата на самитот на Европската политичка заедница, што се одржува во Кишињев, разговараше со францускиот и украинскиот претседател Емануел Макрон и Володимир Зеленски.
Содржината на овие неформални разговори не е позната. По заедничката фотографија на учесниците на самитот, која беше договорена за медиумите, претседателот на Србија имаше краток разговор со Зеленски, а во разговорот учествуваше и премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел. Само неколку моменти подоцна, Вучиќ имаше краток и пријателски разговор со Макрон.
Се очекува на маргините на самитот српскиот претседател да разговара за ситуацијата на северот на Косово и за деескалација на насилството со Маркон, германскиот канцелар Олаф Шолц и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел
„Му се заблагодарив на претседателот Макрон за цврстиот став и поддршката што и ја даде на Србија во однос на последните случувања на Косово. Изразив загриженост за најновата ескалација на насилството на Косово и Метохија, а со претседателот Макрон разговарав и за понатамошни чекори за одржување на мирот и стабилноста во регионот“ , напиша Вучиќ на „Инстаграм“.