Вучиќ му приреди романтична вечера на шпанскиот премиер

by fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ го прими во официјална посета шпанскиот премиер Педро Санчез, за ​​кого меѓу другото приреди специјална вечера придружена со жива музика.

На социјалните мрежи да почнаа шеги дека Вучиќ се обидел да го заведе гостинот од Шпанија.

Српскиот лидер на Инстаграм откри дека пејачката Јелена Томашевиќ настапила на вечерата и ја отпеала шпанската песна „Un año de amor“ (Година на љубовта).
Во една сцена Вучиќ и Санчез полека минуваат покрај дрвена куќа со ноќни светилки, а во позадина се слуша гласот на познатата пејачка, која ја претставуваше Србија на Евровизија 2008 година.

Поврзани новости