Вучиќ му ги покажа демонстрантите на синот на Трамп:„Тие сакаат да го запрат напредокот“

by Fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска беше домаќин на синот на американскиот претседател Доналд Трамп помладиот.

Вучиќ рече дека со синот на претседателот Трамп разговарал за билатералните односи меѓу Србија и САД, со акцент на економијата.

Тој, исто така, ја искористи приликата да му го покаже на Трамп Јуниор, како што рече, „најубавото шеталиште“ (Белград на вода) од терасата на зградата на Претседателството.

„Таму е најубавото шеталиште“, рече Вучиќ покажувајќи со раката.

„Тоа не личи на комунистичката архитектура на која сме навикнати во Источна Европа“, одговори синот на Трамп.

„Да, точно“, рече Вучиќ.

Потоа се сврте на другата страна, на која ги покажа демонстрантите насобрани околу зградата на претседателството.

„Тоа се луѓето кои би сакале да го запрат тој напредок“, рече Вучиќ.

Поврзани новости