494
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, го прогнозира исходот од Самитот на Советот на Европа кој ќе се одржи на крајот на јуни. Наспроти оптимистичките очекувања од македонската влада за датум за почеток на преговори, Вучиќ смета дека Македонија, како и Албанија, ќе добијат само тапкање по рамо.
„Во многу незавидна ситуација се Македонија и Албанија, кои, како што се претпоставува во јуни ќе бидат некако пофалени „да не се каже дека е катастрофа и дека ништо не добиле“ но нема да им се дозволи да ги отворат поглавјата“, изјавил српскиот претседател пред новинарите во Баку каде е во официјална посета.