Вучиќ: Лавров ја кажа вистината во Скопје – Западот ја измами Србија

by fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Дубаи изјави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје ја кажал вистината, „дека Западот ја измами Србија по потпишувањето на Бриселскиот договор“, јави дописникот на МИА од Белград.

-Лавров ги дефинираше тие работи со извонредна точност и прецизност, изјави Вучиќ за ТВ Пинк.

На новинарско прашање како гледа на изјавата на Лавров дека Србија не може да влезе во ЕУ и да отвори ново поглавје доколку не и воведе санкции на Русија, односно не се усогласи со надворешната политика на ЕУ, Вучиќ рече дека Лавров зборувал и за многу поважни работи за Србија и за српскиот народ.

-За жал, ние Србите не сакаме да слушаме што велат другите, ниту кога доаѓа од запад, ниту кога доаѓа од исток.

Би сакале да слушнеме ад хок негативно или позитивно мислење за политичарите што ги сакаме или не и тоа е се. Во суштина, Сергеј Лавров кажа се вистинито.

Зборуваше за многу важни работи за Србија и како тоа функционираше од 2013 година и како ја измамија нашата земја по Бриселскиот договор.

За да се постигне нешто што треба да се исполни, тогаш само тоа не би се исполнувало и тогаш на Србите да им се каже – епа ете 10 години не се исполни тоа, па ќе добиете двојно помалку од тоа што сте го побарале.

Тоа е точно, тоа така се случува, рече Вучиќ. Тој рече дека единствено прашање е што можеме да промениме, за да ги спасиме нашите деца, да немаме војни и Србија да напредува економски.

-Бидејќи не е лесно, Лавров со извонредна точност и прецизност ги дефинираше тие работи, а моето единствено прашање е што можеме да промениме во нашиот однос, изјави Вучиќ.

 

Поврзани новости