Вучиќ: Курти сака да ја вовлече Србија во конфликт за НАТО да биде на негова страна и да избегне формирање на ЗСО

by Fokus

Во врска со ситуацијата околу преговорите меѓу Белград и Приштина. и француско-германскиот план, српскиот претседател Александар  Вучиќ во вечерашното обраќање до нацијата изјави дека не се работи за план на ЕУ туку  обид Курти да издејствува судир и да го придобие НАТО на своја страна

„Сите видовме верзии на француско-германскиот план. . Кога ќе погледнете хартија, лесно наоѓате приговори,

Тој објаснува дека во тој предлог „не е лесно да се најде нешто од што Србија би била воодушевена, напротив“.

„Постои голема нервоза поради промените во геополитичките околности. Европа де факто е во војна. Нема толеранција за какво било скокање во политичка смисла. Од друга страна, тие сакаат да бидат во својот двор. а Западен Балкан и Србија се нивниот двор, рече  Вучиќ и потсети дека само Србија од регионот и Европа не вовела санкции кон Русија.

Вучиќ потсетува на инцидентите што ги предизвикува Курти за да се обиде да ја вовлече Србија во конфликт.

„ Откако е  Курти на власт  досега имало 287 инциденти. Само годинава 10 тешки меѓунационални инциденти . Последен во низата  е денешното пукање врз косовскиот Србин Миљан Д., “, изјави Вучиќ и  посочи . дека Курти сака конфликт за НАТО да биде на негова страна.

Тој вели дека  западот  повеќе бил  загриженод  тоа што опозициската политичарка Рада Трајковиќ два  часа чекала да  ја премине границата , отколку нападите врз српскиот народ на Косово .

Поврзани новости