Претеседателот на Србија, Александар Вучиќ, во гостување на ТВ„Пинк“ коментираше дека завчерашната посета на Албин Курти во Тетово е скандал и дека е промовирана идејата за Голема Албанија.
„Она што се случи вчера во Северна Македонија, односно посетата на Курти Тетово е скандал со скандали. Таму беше промовирана идејата за Голема Албанија, беа прикажани симболите на Голема Албанија. Тој е претставен како премиер на сите Албанци и премиер на Тетово. Отворена е улицата Адем Демачи, а тој беше и ментор и идол на Аљбин Курти. Да не бевме толку посилни, толку пати посилни и помоќни во однос на нашата техника, знаете колку Курти ќе не напаѓаше во секој дел“, изјави Вучиќ.
Тој изјави дека мора да се обидат да го зачуваат мирот и секако да ја зајакнат армијата.
„ Тој не само што би ја нападнал централна Србија, туку и Северна Македонија, Црна Гора, а прашање е што би се случило со Албанија“, изјави Вучиќ.