467
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека одлуката на косовскиот премиер Албин Курти да не им дозволи на Србите да гласаат на Косово на 3 април има за цел „да ги понижи Србите“, но и „нему и на неговата Српска напредна партија (СНС) да им го намали бројот на гласови“, јави дописникот на МИА од Белград.
Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека српската страна вчера во разговорите околу гласањето за српските граѓани на Косово, прифатила „офицерот за врска да и се обраќа на Владата на Косово, но не сакавме Владата на Србија да и се обрати на Владата на Косово бидејќи тоа би значело де факто признавање на Косово“.