Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска најави дека Србија во 2022 и 2023 година ќе набави уште околу 30 хеликоптери и дека ќе биде хеликоптерска велесила во регионот.
„Голем број хеликоптери се набавени и годинава и во претходните години, а очекувам големи набавки на хеликоптери во наредната година и во 2023 година. Очекуваме вкупно 18 плус 12 хеликоптери“, рече Вучиќ.
Тој вели дека ќе има 11 хеликоптери Н145, потоа четири МИ35, три МИ17, плус 11 или 12 МИ35 што ги купуваме половни од една членка на ЕУ.
„Така, ние ќе бидеме, ако можам така да кажам, хеликоптерска велесила во овој регион“, нагласи Вучиќ.
Вучиќ, денеска изјави дека на средба со компаниите од одбранбената индустрија на Србија е донесена одлука за помош на домашната наменска индустрија со 145 милиони евра во првиот квартал од 2022 година.
„Донесовме одлука да и помогнеме на нашата посветена индустрија во првиот квартал од 2022 година во рок од три месеци. Најдовме начини да инвестираме околу 145 милиони евра, под строга контрола на Министерството за финансии, во набавка на нови производствени погони и машини и опрема, за да можеме да ги модернизираме нашите фабрики и да поттикнеме подобро производство и профитабилност“, рече Вучиќ.