Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на гостувањето на телевизија Пинк зборуваше за состојбата на економијата и финансиската стабилност на земјата.
Тој откри и нови информации за резервите на злато.
„Во петокот Народната банка на Србија купи пет тони злато, во вредност од 3,3 милијарди евра. За нас ова е додаток на финансиската сигурност што веќе ја обезбедивме. Сакаме да бидеме безбедни и во најтешките времиња“, рече Вучиќ, пренесува Телеграф.
„Затоа ќе купуваме злато од вишокот пари што го имаме. Тоа е добра вест за граѓаните. Сега имаме 46,5 тони злато“, додаде тој.
Тој се пофали дека Србија има литиум, нагласувајќи дека тоа ќе претставува компаративна предност за нив во споредба со многу земји во околината.
„Но и заедничката сила на целиот регион, не само на Србија. И затоа сум среќен“, рече тој.
„За жал, не сум свесен дека имаме ураниум. Би сакал да го имаме, бидејќи гледам колку го извезува Русија и колку им е важно. Ураниум немаме, но имаме литиум“, истакна тој.