Вучиќ ќе одел со Курти во Брисел откако ќе се формира Заедницата на српски општини

by fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ќе оди во Брисел на нова рунда разговори со косовскиот премиер Албин Курти кога ќе биде формирана Заедницата на општини со српско мнозинство.

Изјавата на Вучиќ доаѓа откако високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика Жозеф Борел денеска најави дека наскоро ќе има нова средба меѓу претседателот на Србија и премиерот на Косово со цел да се продолжат дискусиите за планот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

„Тие треба да ми ја кажат смислата на таа. Ако мислите да ме повикате во Брисел да ме наговарате да кажам Заедница на српски општини истовремено со не знам што, немојте да ме викате“,
рече Вучиќ на отворањето на хотел во Куршумлијска бања во Србија, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Белград инсистира на формирање на Заедница на општини со српско мнозинско население како услов за спроведување на планот на ЕУ, додека косовскиот премиер Албин Курти вели дека ова прашање не е централно и дека не е споменато во планот како предуслов.

Поврзани новости