Српските медиуми се преплавени со наслови за прстигнувањето на претседателот на Русија, Владимир Путин во Белград. Тој попладнево слета на белградскиот аеродром каде беше дочекан од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Светските медиумите известуваат дека Путин во Србија е пречекан како суперѕвезда. Пред храмот Свети Сава во Белград делегацијата од Русија предводена од Путин ја пречекаа повеќе од стотина илјади луѓе.
Инаку, Вучиќ на Путин му подготви несекојдневен подарок, се работи за шестмесечно куче од расата шарпланинец, со име Паша.
Шарпланинец е овчарска раса, именувана по планината Шара. Се карактеризира со лојалност кон својот сопственик, важат за одлични чувари на своите стада, имаат трепение кон децата, голема приврзаност и брзина.
Српските медиуми јавуваат дека за Паша е подготвен и пасош и додаваат дека Путин сака автохтони раси каков што е шарпланинецот.