433
Говорејќи за престојот на неговиот син Данило во Република Српска, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека службите на БиХ постапиле непрофесионално и дека медиумите постапиле „грубо“.
„Ги објавивте броевите на мобилните телефони и пиштолите на обезбедувањето на мојот син. Што правите, сакате да го убиете? Што е тука проблемот? Секако дека ќе гризам ќе јадам за моите две деца, бидејќи тие само мене ме имаат за родител. Продолжете да го правите тоа, а јас ќе продолжам да докажувам колку лажете“, додаде Вучиќ.