467
Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој присуствуваше на денешната инаугурацијата на новиот македонски претседател Стево Пендаровски, изјави дека оваа година ќе испрати официјална покана до Пендаровски за посета во Белград, со цел, како што рече, двете земји да ги отстранат шумовите кои постојат во претходниот период.
-Верувам дека имаме доволно капацитет за тоа. Верувам дека таква желба постои и во Скопје – рече Вучиќ, додавајќи дека неговото доаѓање е симболична потврда дека сака да гради уште подобри односи и мостови на пријателство меѓу Србија и Северна Македонија и меѓу народите во двете земји.