490
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србите кои се приклучиле на платеничката група Вагнер ќе бидат уапсени веднаш штом ќе влезат во земјата и ќе станат достапни за институциите.
„Србите регрутирани да се борат во Украина ќе бидат уапсени кога ќе се вратат во Србија. Пријателските земји не регрутираат со такви методи“, рече Вучиќ во интервју за Политико во кое зборува за повеќе теми, пред се за Косово, но и за украинската војна и за руското влијание во Србија.
Вучиќ во јануари годинава повика групата Вагнер да престане со регрутација во Србија.
Групата Вагнер и нејзиниот лидер Евгениј Пригожин демантираа дека регуртираат во Србија.