Вучиќ: Јавете им дека револуцијата им пропадна

by Fokus

Во Сремска Митровица се одржа митинг на Српската напредна партија (СНС) по повод Денот на државноста на кој беше усвоена декларација за Војводина на предлог на претседателот Александар Вучиќ.

Претседателот ги повика студентите да прогласат победа бидејќи, како што рече, нивните барања биле исполнети. Тој рече и дека обоената револуција во Србија пропаднала.

„Кога ќе сфатат за неколку недели дека им пропадна Шарената револуција, ќе ни требаат месеци, се плашам дури и една година, да ја закрепнеме земјата од штетите и катастрофата што ги предизвикаа и ќе успееме во тоа“, рече Вучиќ на собирот во Сремска Митровица каде според српските медиуми имало над 120 илјади луѓе.

„Јавете им дека револуцијата им пропадна, јавете им на УСАИД, тие уште не знаат, но ќе сфатат за неколку недели. На 15 март ќе формираме движење на Видовдан, мора да има простор за прекрасни млади луѓе, најдобри, најуспешни, лекари и порача:
Никогаш повеќе нема да ја урнете Србија, Војводина е Србија“.

Српскиот претседател посочи дека се потрошени 3 милијарди евра странски пари за негово рушење со цел да се постави марионетска власт и да се оствари сценарито за мала, немоќна и послушна Србија.

“Никој не плаќа толку пари ако не постои важна политичка цел. Србија е слободна, независна и суверена држава, ќе воведуваме санкции на кога сакаме, кога сакаме ние. Нема да се караме со нашите традиционални пријатели, нема да воведуваме санкции кон Русија“, нагласи Вучиќ пред десетиците илјади луѓе.

Поврзани новости