Српскиот претседател Александар Вучиќ го откажа меѓународниот настан „Еуропрајд“ што требаше да се одржи во Белград од 12 до 18 септември, додека организаторите на настанот ветија дека ќе се одвива според планираното
Тој на денешната прес-конференцијата во Белград, Вучиќ изјави дека правата на сексуалните малцинства се загрозени во Србија, но рече дека владата била под силен притисок од десничарските групи и претставници на Српската православна црква да го откаже настанот.
„Не е прашање дали тие притисоци се посилни, едноставно во одреден момент не можете да постигнете сè, и тоа е тоа“, кусо изјави Вучиќ.
Тој најави дека е можно настанот да се одложи, односно да се одржи подоцна во друг термин.
Настанот на кој се промовираат основните права на лезбејска, геј, бисексуална, трансродова и интерсексуална гордост на пан-европско ниво секоја година се одржува во различен европски град и во него е вклучена Парада на гордоста.
Кристине Гарина, претседателка на Европската асоцијација на организатори на гордоста, која го лиценцира „Еуропрајд “, објави соопштение во кое се вели дека настанот нема да биде откажан и покрај забелешките на Вучиќ.
„Правото на Прајд Парада е прогласено од Европскиот суд за човекови права како основно човеково право“, рече Гарина, додавајќи дека секоја забрана ќе ја прекрши Европската конвенција за човекови права.
Таа изјави дека „ Еуропрајд“ во Белград нема да биде откажан и ќе собере илјадници ЛГБТИ+ луѓе од цела Европа. Гарина ги повика српските власти „цврсто да застанат против овие насилници и да го заштитат настанот“.
Марко Михаиловиќ, активист на Београд Прајд, објави на Твитер дека одлуката на Вучиќ да ја откаже парадата е „јасно кршење на уставот”.
Тој вети дека парадата ќе продолжи според планираното на 17 септември.