Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска на 11 Конгрес на Социјалистичката партија на Србија, зборуваше за актуелната ситуација на Косово, при што истакна дека мора да се работи на спасување на државата.
-Мора да ја спасиме државата, ќе успееме да ги зголемиме платите и пензиите, инвестициите, странските инвеститори, се е важно да ја спасиме државата. Тешко е последниве неколку дена, од запад велат дека Приштина застанала, а 15 часа пред тоа влегле со пушки и правеле секакви работи. Се лажеа таму, ги апсат полицајците, и како Србија лаже и покажува долги цевки. Нема странец кој не не поканил. Ајде, тие ја сакаат Србија на тацна, а ние никогаш нема да ви ја дадеме Србија – изјави Вучиќ.
Тој додаде дека на секои два часа добива некаков вид на безобразлук, како и дека луѓето се малтретирани и апсени.