Вучиќ им се заканил на своите сопартијци со оставка

by fokus

Претседателот на Извршниот комитет на Српската напредна партија (СНС), Дарко Глишиќ синоќа изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доколку остане на своите ставови да поднесе оставка тоа ќе биде крајот на СНС.

Тој синоќа за белградски медиуми изјави дека ова ќе биде крај на кариерата што СНС ја имаше на српската политичка сцена, пренесе Бета.

Медиумите во Србија претходно објавија дека на средбата во седиштето на СНС имало несогласувања и повици да се отфрлат преговорите со САД и ЕУ за Косово. Според информациите, Вучиќ реагирал на тие несогласувања и рекол дека ако некој мисли дека може да ја води државата подобро од него, тој е подготвен да им го остави тоа на нив, а потоа ја напуштил средбата, јави Бета.

Глишиќ смета дека потоа ќе следи нешто што, како што рече, е „најцрното и најлошото сценарио за Србија“ што не може ниту да го замисли. Иако не објасни дали Вучиќ кажал под кои околности ќе поднесе оставка, дали на функцијата претседател на партијата или на државата, тој повтори дека „ако поднесе оставка и ако се држи до неа, ќе биде најлошото нешто што ќе и се случи на Србија“, јави РТС на својата веб-страница.

Вучиќ, како што претходно беше најавено, во понеделник ќе присуствува на седницата на Владата на Србија, што почнува во 11 часот, а ќе се обрати пред граѓаните во 20 часот.

Поврзани новости