609
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денеска, за време на разговорите со Срби од Косово, во Рашка, дека му рекол на специјалниот претставник на Европската унија за преговорите меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, да ја „зауздаат Приштина и ако тие не се во можност – ние ќе ги зауздаме“, јави Бета.
„Ми рекоа – работиме на тоа “, наведе Вучиќ, истакнувајќи дека Приштина за денешната полициска акција на северот на Косово има поддршка од најмалку една западна земја, а не е членка на Европската унија.
Тој им порача на Србите дека „Белград ќе биде со нив“ и да бидат рационални во своите одлуки.