Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти го откажаа учеството на форумот во Братислава.
Годинава, според агендата објавена на овој форум, Курти денеска требаше да учествува како говорник на панел со поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, поранешниот премиер на Бугарија, Кирил Петков и европскиот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак. .
Вучиќ изјави дека денеска нема да патува за Братислава. Во обраќање на Инстаграм тој ја објасни причината поради која го откажал патувањето и и дал два услови на Квинта.
Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел и Лајчак, се обидуваат да договорат средба меѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ во услови на тензии на северот на Косово, извести денеска РСЕ.
Според информациите на медиумот, од дипломатски извори, Лајчак се обидувал да организира средба меѓу Вучиќ и Курти во Братислава, но плановите пропаднале откако двајцата државници ја откажале посетата на форумот.