Вучиќ и косовскиот премиер разговарале за раселените лица

by Фокус

По денешната прва директна средба меѓу првите луѓе на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Авдулах Хоти, високиот претставник на Унијата задолжен за регионалните прашања на западниот Балкан, Мирослав Лајчак, изјави дека тие покажале посветеност кон нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Темите на дневен ред беа исчезнатите и раселените лица, симболична тема за помирувањето и многу конкретна за семејствата, рече Лајчак, додавајќи дека втората тема на дневен ред денеска била економската соработка.

-Економската соработка е еден од столбовите на Европската Унија, интензивирањето на економската соработка, искористување на целосниот потенција на Косово и Србија и подобрувањето на животниот стандард на луѓето се теми за кои лидерите на Србија и Косово прифатиле интензивно да работат – објасни специјалниот претставник.

Инаку, идната недела веќе ќе се одржи нова рунда на експертско ниво на овие теми, а двајцата лидери се согласиле да се сретнат повторно физички во Брисел на почетокот на септември.

Поврзани новости