Вучиќ: И да ми стават пиштол на чело, нема да дозволам уништување на Србија

by Fokus

Претседателот на Србија – Александар Вучиќ, преку својот Инстаграм профил им се обрати на граѓаните и истакна дека нема да дозволи никаква преодна влада, па дури, како што вели, ако му стават пиштол на чело, нема да дозволи уништување на земја.

„Никогаш нема да прифатам дека сум сам во светот. Нема преодни влади и никакви чуда. Не станува збор за предавање на власта. Сакам да им ја предадам власта врз основа на советодавен референдум. Но сакам да се прашува целиот народ на Србија, а не само белградската, дел од новосадската, дел од урбаната елита во Србија, а да не се прашуваат сите граѓани. Јас немам проблем со тоа, заклучија него ако го убиеме ќе ја имаме власта. Ако тоа се случи немојте да кажете дека не сме го барале тоа. Ништо друго – вели Вучиќ.

„Никогаш нема да прифатам, дури и да сум сам во светот, да нема привремени влади и чуда. Дури и да ми стават пиштол на чело, нема да дозволам уништување на Србија“ – заклучи претседателот.

Поврзани новости