Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешната прес-конференција презентираше детали за одлуката на Загреб да не му дозволи приватна посета на Јасеновац. Како што изјави, трипати е испратено барање да го посети Јасеновац и секој пат бил одбиен од бесмислена причина, јави дописникот на МИА од Белград.
– Првпат информацијата за забраната за моето одење во Јасеновац, случајно или не во српските медиуми не се појавува… Информацијата за моето неодење во Јасеновац ја објавува Јутарњи лист во седум часот и 20 минути. Зошто се случува ова? Затоа што мислеа дека ќе излеземе во јавност, но ние мислевме тивко да им предадеме нота на претставниците на Хрватска. Затоа тие тргнаа во напад со луди аргументи. Замислете, Вучиќ сакаше да дојде на наша територија да положиме цвеќе и да запали свеќа. Замислете каков хаос тие очекуваа, наведе Вучиќ.
Тој додаде дека во неколку наврати од Загреб стигнала порака да се пролонгира посетата, и молбата беше почитувана.
– Всушност, на 2 септември 2021 година првпат контактиравме со кабинетот на Пленковиќ, со барање да го посетиме Јасеновац. На 4 септември добивме барање да ја одложиме посетата и го направивме тоа. Не известивме никого. Хрватска во секој случај ни е важна. Сакавме да спуштиме топка. Јас во март 2022 година го повторив барањето да го посетам Јасеновац. Добив порака да ниту сега не треба да патувам. На 4 март решив да го испочитувам тоа. Ние повторно не излеговме во јавноста. Потоа третпат го известив Милорад Пуповац дека доколку смета дека е потребно да го извести Плековиќ дека планирам да го посетам Јасеновац, да го направи тоа. Тој веројатно го направи тоа. Јас никогаш не ги поврзав Јасеновац и Олуја, но тие да, рече Вучиќ.