Вучиќ: Грција може да смета на нашата поддршка

by fokus

Во новинарско прашање упатено до српскиот претседател Александар Вучиќ, дали се согласува со ставот на српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ, кој рече дека признавањето на Република Македонија под уставното име било грешка, тој одговори дека Србија во иднина ќе се раководи од своите интереси и пријателски ќе им помага на сите кои застанале на нејзина страна и кои помогнале во зачувување на принципите на меѓународното право, пренесува РТС.

„Во таа смисла грчките пријатели можат да сметаат на нашата поддршка“, изјави Вучиќ.

Тој посочи дека Грција не ја признала независноста на Косово и дека секогаш била со Србија кога ѝ било тешко.

Вучиќ рече дека со грчкиот премиер разговарал за сите прашања во регионот и посакал Владата во Атина со Владата во Скопје да направат најдобар можен договор за сите да бидат задоволни и додава дека според него, тоа би било добро за регионот.

Поврзани новости