Вучиќ: Го сакаме македонскиот јазик и не мислиме дека не постои

by fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со македонскиот претседател Стево Пендаровски во Прохор Пчински изјави дека се воодушевил кога слушнал луѓе од Македонија кои зборуваат на македонски јазик.

-Навистина бев воодушевен утрово кога тука видов луѓе од Македонија кои зборуваат на македонски јазик. Ние Србите, како што знаете, ги сакаме Македонците и го сакаме македонскиот јазик и не мислиме дека не постои или не знам што. Напротив, одлично го разбираме македонскиот јазик како што знам дека и вие го разбирате и го зборувате српскиот јазик. Немам никаков проблем да кажам дека ние сме не само пријатели, туку дека како народ имаме братски односи и во секој случај, верувам дека тие односи и натаму ќе се развиваат, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија и Македонија веќе немаат отворени прашања.

-Веќе немаме никакви отворени прашања. Ние Србите ги сакаме Македонците, ја сакаме Северна Македонија. Ништо не бараме и ништо не ни е потребно, освен уште повеќе и подобро да соработуваме. Ги немаме ние тие ситни пречки „кој што кому пред или внатре му кажал, му покажал или не, рече Вучиќ.

Поврзани новости