Вучиќ го предложи наследникот во СНС: Со нас е од почеток!

by Фокус

Претседателот на Српската напредна партија Александар Вучиќ го предложи Милош Вучевиќ за нов партиски лидер.

-Предлагам да го избереме Милош Вучевиќ за претседател на СНС, а тој, се разбира, ќе се консултира со сите нас за идното раководство и претседателството. Што да кажам за нашиот Милош, знаете дека е со нас од почеток. Знам колку го сака СНС, го познавав и татко му кој беше еден од најпочитувани адвокати. Знам од колку добро семејство е, знам колку е лојален на СНС, но и на идејата за независна и просперитетна Србија, јас сум сигурен дека со мојата и ваша поддршка ќе може да заврши одлична работа, да работи уште понапорно и уште посилно – рече Вучиќ образложувајќи го својот предлог.

Вучиќ изјави и дека премногу ја сака СНС и дека никогаш нема да ја напушти партијата додека е жив.

-Што и да правите јас секогаш ќе бидам со вас и покрај вас. Само мислам дека е потребен малку поинаков пристап за обединување на поголем број сили на оние кои сакаат да се борат за победа на патриотска, успешна Србија, која ќе се грижи за своите граѓани – рече тој.

Поврзани новости