Верувам дека го познавам Путин подобро од 99 отсто од лидерите во светот и мислам дека можам да разберам што му е во глава, изјави срспкиот претседател Александар Вучиќ за актуелната полиитичка ситуација во светот во телевизиско гостување.
Мислам дека Западот го изненади првите три, четири дена, а потоа упадна во ситуацијата „јас сега немам каде, морам да се борам“. Сега повеќе тој го изненадува Западот, отколку тој него, рече Вучиќ.
За одлуката Србија да не воведе санкции против Русија, Путин изјави дека Србија се труди да не ризикува како и дека треба да се види и другата страна на медаљот, доколку Србија воведеше санкции против Русија.
-А што ќе правиме во советот за безбедност на Обединетите нации кога ќе дојде прашањето за Косово и Метохија? Како ќе издржиме да го чуваме територијалниот интегиртет? Како и по која цена ќе можеме да добиеме гас? Како да им кажеме на оние кои нам не ни воведоа санкции – се, ние сега ќе се пресметаме со вас, рече Вучиќ.
Тој смета дека Русија нема да биде исклучена од советот за безбедност на ОН.