Вучиќ го кани Заев да одржат заедничка владина седница до крајот на годината во Белград

by Fokus

Александар Вучиќ денеска ја прими македонската амбасадорка во Србија, Вера Јовановска-Типко, со која разговараше за континуирано унапредување на добрососедските односи меѓу двете држави, пренесува РТС.

Тој ја извести македонската амбасадорка дека премиерката Ана Брнабиќ ќе упати покана до македонскиот премиер Зоран Заев за одржување заедничка седница на владите на двете земји до крајот на годинава во Белград.

– Сите сметаме дека е потребно да работиме вредно и одговорно на унапредување на нашите односи – нагласил Вучиќ.

 

Поврзани новости