0
Бараат да воведеме санкции кон Русија и да го признаеме Косово, ние не сме заинтересирани, вели српскиот претседател Александар Вучиќ за барањата од Европската Унија(ЕУ).
„Имавме бројни разговори денеска во Брисел. Разговорот со Каја Калас беше отворен, но не беше лесен. Таа инсистираше на воведување санкции против Русија, продолжување на дијалогот и компромис со Приштина, забрзано решавање на случајот Бањска. Во согласност со политиката и интересите на Србија, ѝ одговорив“, рече тој.
Високата претставничка за надворешна политика на Унијата, Каја Калас вели дека Србија и Косово можат да станат членки на Европската унија само доколку се нормализираат односите.