„Требаше да договориме имплементациски план, некаков договор постигнавме, овие неколку точки што ги договоривме, ќе станат дел од преговарачката рамка, и за Белград и за Приштина.
Она што е важно е дека Европскиот совет на патот кој е долг, ќе проценува кој колку направил од имплементацискиот план.
Во него освен оваа важна точка, за нас од големо значење е формирањето ЗСО и тоа во склад со претходно договори за дијалог. Се уште се зборува и за донаторски конференции. Знам дека албанската страна ќе зборува за тоа дека не сум потпишал ништо.
Ставивме до знаење кои се нашите и нивните црвени линии. Немаше никаков ден Д. Утре ќе им соопштам на граѓаните во Србија што се договоривме. Во месеците пред нас е сериозна работа, нема да е лесна. Се надевам дека веднаш ќе се оди во формирање на ЗСО. Ако сакаме ние да останема на европскиот пат, нашиот напредок ќе биде ценет според тоа што е договорено.
Мислам дека ако е можно да кажете дека имате зрно задоволство, го велам тоа. Имавме пристоен разговор“ рече српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва пред новинарите во Охрид по долгочасовните преговори со косовскиот премиер Албин Курти, со посредство на ЕУ.