528
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека доколку некој мисли дека Белград е најдоброто место за преговори, Србија е подготвена да им го понуди на, како што рече, руските и украинските пријатели.
-Ние не се мешаме во ништо. Ако некој мисли дека Белград е најдоброто место, ние сме подготвени да им го понудиме Белград на руските и украинските пријатели на преговори, рече Вучиќ.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров претходно изјави дека Белград е голем град кој одговара за секаков тип преговори и го спомена како една од опциите каде би можеле да продолжат преговорите после Истанбул.