Вучиќ: Делиме огромна болка со македонскиот народ, спремни сме да дадеме братска помош

by fokus

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска испрати сочувство до семејствата на жртвите од пожарот во Тетово, велејќи дека Србија ја споделува огромната болка со македонскиот народ и дека е подготвена да обезбеди братска помош за земјата, пренесува Блиц.

Вучиќ на претседателскиот профил на Твитер напиша дека е шокиран од веста за пожарот во тетовската болница.

„Делиме огромна болка со македонскиот народ, спремни сме да дадеме братска помош. Во мое и во името на сите Срби, испраќам сочуство до семејствата на настраданите и на сите Македонци“, напиша Вучиќ.

Поврзани новости