Неколку десетици луѓе во алкохолизирана состојба ја напаѓаат полицијата, затоа ве доведовме овде, во Палатата Србија“, рече Вучиќ.
-Одржан е голем протест, со негативна енергија, гнев, а нема жртви или тешки повредени. Вкупно 44 лица се во Ургентниот центар, 11 во клиничката болница Звездара, едно во Земун, вкупно 56 лица, нема сериозни повреди – рече Вучиќ.
Како што рече, уапсени се 22 лица за кривични дела против имотот, напади врз полицајци и други лица.
-Три служби, од армијата која процени дека има 80.000 луѓе до полицијата која процени 108.000. Голем број луѓе пристигнаа од внатрешноста на земјата, изненадувачки голем број луѓе дојде од внатрешноста, и од север и од централна Србија – рече Вучиќ.
Тој додаде дека е особено горд на работата на полицијата.
-Оштетени се повеќе од 100 трактори. Да не беа тракторите ќе беше тешко да се спречи крвопролевањето. Тракторите се таму за да го запрат бранот, гужвата, да спречат конфликт со децата во паркот Пионирски – рече Вучиќ, додавајќи дека сите што учествувале во уништувањето на тракторите ќе бидат приведени.