Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија е подготвена да и помогне на Босна и Херцеговина, „ако сакаат да веруваат дека Србија може да помогне“.
На прашањето на Танјуг, Вучиќ нагласил дека Србија може да пружи помош во хеликоптери, чамци и во секаква поддршка и финансиски средства, пренесуваат босанските медиуми.
„Изразувам сочувство до семејствата на жртвите во БиХ. Подготвени сме да пружиме секаква помош, доколку сакаат и мислат дека можеме да помогнеме. Во хеликоптери, чамци, секаква поддршка и помош, дури и финансиска, се што е потребно, само нека кажат и ние ќе помогнеме“, рече Вучиќ.
Тој потсети и на претходната помош што Босна и Херцеговина и ја пружи на Србија. Испратија спасувачи и чамец во Обреновац и благодарен сум за тоа“, додаде претседателот на Србија.