Албанците имаат големо влијание врз властите во Македонија, а ситуацијата е слична и во Црна Гора, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во утринската програма на ТВ Пинк по повод изјавата на косовскиот вицепремиер, Енвер Хоџај, за создавање на неформален анти-српски пакт во регионот.
-Дали тоа го работат? Слушајте, тие имаат 25 отсто Албанци во Македонија кои се на власт. Без нив нема власт во Македонија и тие имаат значително влијание. Во Црна Гора ситуацијата е повеќе или помалку слична, истакна српскиот претседател.
Тој додаде дрка во Црна Гора постои изразена антисрпска кампања, која за Србија е многу тешка и дека Србија се обидува да го избегне конфликтот со црногорската држава.
Зборувајќи за апсењето на Небојша Медојевиќ и за случајот со Никола Груевски, тој рече дека нема право да се меша во внатрешните работи на други земји, но исто така забележа дека ако се разгледаат причините за нивниот прогон, Србија би била осудена од целиот свет, истото тоа да го направила.
-За нас би кажале дека сме диктатура, дека ги прогонуваме луѓето поради изговорениот збор, дури и ако тоа е клевета. Можете за закана да прогонувате, но немојте политички противници за клевета, рече Вучиќ.