Вучиќ: Ако за Курти е завршено прашањето за статусот на Косово, тоа е и за мене

by Fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ако Курти вели дека за него прашањето за статусот на Косово е завршено, тоа е и за мене завршено, но дали тој тоа го заснова на важни документи,

-Ако Курти вели дека за него е завршено прашањето за статусот. Добро. Затоа што и за мене е завршено прашањето за статусот на Косово. Јас таа завршеност ја темелам на еден важен акт – Повелбата на Обединетите нации и Резолуцијата 1244, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите за време на неговата посета на Норвешка.

Како што пренесоа српските медиуми, премиерот на Косово Албин Курти изјави дека за него прашањето за статусот на Косово е завршено со пресудата на Меѓународниот суд на правдата.

Според Вучиќ, Курти се повикува на се што му одговара, а не на она што не му одговара и на тоа има само еден одговор, а тоа е да не се враќаме во минатото.

Според него, Курти се потпира на моќта на големите и моќни земји од Западот и смета дека тие ќе бидат оние кои ќе ја принудат Србија да прифати нешто, но и дека во минатото Србија имала многу лоши потези.

Тој оцени дека ситуацијата на северот и во цело Косово, што се однесува до српскиот народ, буквално врие.

– На луѓето им прекипе, насекаде, нема ни да зборувам за Метохија. Тие малтретираат, мачат луѓе. Кога ќе склопиш се, сфаќаш дека се работи за систематски прогон, луѓето имаат душа, велат доста е. Курти се повикува на се она што му одговара, а во никој случај не се придржува до потпишаното во Брисел. Квинта секогаш ќе ги поддржува Албанците на Косово и Метохија, тоа е нивно дете, немаме тука никакви очекувања од наша страна, рече Вучиќ.

Тој додаде дека не можат со ништо да го уценуваат, единствено што можат е да ја уценуваат Србија.

Поврзани новости