Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одговори на прашање во врска со шпекулациите дека Украина ќе го признае Косово.
– Видов дека 56 парламентарци потпишаа писмо во кое ме нападнаа, дека помагам на народот на Република Српска, правам проблеми бидејќи нема да го признаам Косово – изјави Вучиќ.
– Што се однесува до Украина, таа е наша пријателска земја. Замислете Украина да го признае Косово – ќе изгуби се за еден ден. После тоа како може да каже дека се придржува до меѓународното јавно право – изјави претседателот.
Тој одговори на прашање во врска со писмото што некои политичари го испратија до САД, ЕУ и Велика Британија.
– Тоа писмо е суштински против Србија, велат дека добриот човек во Србија е тој што би ја признал независноста на Косово, а јас сум виновен затоа што не ја признавам независноста на Косово и со тоа предизвикувам проблеми. Тоа е моја грешка. Горд сум на таа вина. Горд сум и кога гледам дека нема имиња – рече претседателот.