449
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека „има трема“ пред изборите в недела, но очекува повеќе од два милиона гласови во првиот круг.
– Сега можеби имам најголема трема за изборите од кога било досега … Би бил тажен ако не освојам 60 проценти, рече тој.
Во изјава за РТС Вучиќ додаде дека доколку победи на изборите ќе разговара за продолжување на соработката со коалициските партнери, но и ќе разговора со други партии.