Вучиќ: Ако не инвестиравме во војската, Србија ќе беше проголтана во рок од 48 часа

by irena 15:30
15:30

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека „Србија немаше да постои во рок од 48 часа ако не трошеа пари за војската“.

„Ќе нè проголтаа и ќе нè изедеа ако не беше така“, додаде Вучиќ.

„Само погледнете ја нашата околина и нема да зборувам за големи сили. Со вака инвестирање во војската, ние го заштитуваме нашето небо и земја и никој нема да се осмели да нè нападне. Порано можевме да собориме два или три авиони агресор, денес никој не можеше да ја нападне Србија без стотици загуби“, рече Вучиќ.

„Знаете, колку е посилна Србија и колку се различни времињата“, додаде тој.

„Понекогаш бројно помалите имаат поголеми идеи и тоа не можете веднаш да го сфатите, но секогаш се обидувавме да имаме коректен однос и да обезбедиме барем толку колку што беше потребно за партнерот да биде задоволен од нашиот однос“, рече Вучиќ.

Слични вести